Во три европски земји максималаната граница на алкохол во крвта при управување на возило изнесува 0,80 промили. Станува збор за Велика Британија (со исклучок на Шкотска), Лихтенштајн и Малта и тоа се земјите каде е најмногу дозволено во Европа.
Во 24 земји, вклучувајќи ја тука и Македонија дозволено е 0,50 промили алкохол, но при тоа треба да се напомене дека постојат и други ограничувања, особено за “тазе” возачи до две односно три години.
Ова максимално ниво на алкохол во крвта е законски максимум во Хрватска, Германија, Франција, Грција, Бугарија, Италија, Португалија, Шпанија, Словенија, Швајцарија, Турција…
Во Србија максимално дозволеното ниво на алкохол во крвта изнесува 0,20 промили, во Црна Гора 0,30 промили, во Албанија 0,10 промили, а во шест европски земји не е дозволено воопшто да имате алкохол во крвта. Тие земји се: Ерменија, Чешка, Унгарија, Романија, Словачка и Украина.
Па ако решите да посетите некоја држава и притоа со пријателите „дигнете по некоја чашка“ имајте на ум дека казните се навистина високи доколку имате повеќе промили во крвта од дозволеното. Сепак најдобро е воошто да не конзумирате алкохол кога возите.