Компанијата FORD објави дека наскоро понудата Activе верзии на претставници на портфолиото на брендот ќе биде зголемена со презентирање на тематската модифиикација Ecosport Active.
Понудата Active автомобили на Ford се одликува со потеренски сјај и опрема, а назначени се оние од корисниците, кои имаат желба да отстапат од стандадните патишта и да се насладуваат на црните патишта и излети во природата.
Од Ford информираат дека од моментот на лансирањето на Fiesta Active во 2018 година досега брендот има отчитано продажба на повеќе од 55.000 возила, а околу 20% од сите реализирани претставници на Focus во првата половина на 2020 година биле од верзијата Active. Неодамна компанијата ги претстави и тематските модификации на Transit Custom, Transit Connect, Tourneo Custom и Tourneo Connect.
Ecosport Active ќе биде претставен официјално на 6 ноември, но уште сега од Ford споделуваат дека тој ќе се одликува со уникатни внатрешни и надворешни елементи, зголемено растојание од патот, дополнителни заштитни елементи и други.