Кој е најпродаваниот спортски автомобил во САД годинава?

ОБЈАВЕНО НА:

Бројките од продажбите на нови автомобили во САД за третиот квартал од годината се веќе познати. Најголемиот интерес за потрошувачите далеку од овој пазар веројатно претставува продажбата на спортски автомобили.

Dodge Challenger може дасе пофали со 16.332 продажби, што е пораст во однос на истиот период за 2019 година од 9,42 проценти. На второто место останува Ford Mustang со своите 13.851 продажба. Трет e Chevrolet Camaro со скромни 8.366 продажби.

И покрај првото место за соодветниот период, Challenger заостанува од почетокот на годинта. Според овој покаател лидер е Mustang со вкупно 47.637 нови клиенти. Претставникот на Dodge заостанува со 38.350 нови продажби, додека на 3. место е закотвен Camaro со 22.226 продажби.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK