МВР предупредува и казнува – возачите си тераат по старо

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај секојдневните апели од страна на МВР дека има засилени контроли во сообраќајот и бројките што се објавуваат во однос на казнетите возачи, учесниците во сообраќајот продолжуваат по стари. Бројките на казнети по различни основи се над 300.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден (понедленик) изречени се вкупно 301 санкција, меѓу кои возење без возачка дозвола 13 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 128 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила – 26 лица.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, и тоа не само во Скопје, туку и во другите градови во Македонија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK