Додека неколку години по ред се повеќе и повеќе производители ги повлекуваат возилата со дизелски мотор од понудата на Европа, Cadillac на голема врата го најави моделот XT4 опремен со дизелски мотор.
Станува збор за SUV модел лансиран во 2018 година во САД и Кина кој беше претставен и во Европа, но со бензински мотор.
Сега, американскиот производител го воведе и дизелскиот 2,0 литарски Multijet II мотор кој всушност е развиен и “позајмен” од страна на Fiat. Овој мотор кој ги задоволува строгите ЕУРО6 стандарди испорачува максимални 174 КС. Доаѓа во комбинација со 9 брзински автоматски менувач, а достапен е и со погон на предните, но и погон на сите четири тркала.
Верзијата со преден погон и овој мотор во Германија чини 35 илјади евра.