Subaru Outback слави голем јубилеј – 25 години во понудата

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Outback прославува голем јубилеј – 25 години во понудата на јапонскиот производител Subaru.

Овој модел кој е претставен во 1994 година влезе во производство година подоцна темелејќи се на моделот Impreza. Станува збор за модел кој најпрво се продаваше во караванска верзија, а потоа и во т.н. Sport изведба како и седанска изведба.

Досега се претставени вкупно пет генерации, а шестата во производство треба да се најде во секој момент.

За разлика од Европа каде овој модел не е во стандардната понуда, особено по повлекувањето на Subaru, Outback бележи одлични продажни перформанси во САД каде е еден од најпродаваните автомобили во својата класа. Така минатата година на територијата на САД е продаден во 181.178 примероци.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK