Како во Белград се справуваат со лошото паркирање – “Око соколово” е инсталиран на 242 улици

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку патувате во Белград периодов или по стивнување на кризата предизивкана од коронавирусот, треба да бидете премногу внимателни бидејќи и за најмала невнимателност ќе бидете санкционирани. Нема повеќе полицајци кои шетаат со тефтерите во раце. Сега сите внимаваат да не бидат снимени,

Најзаслужен за вашата казна ќе биде т.н. систем “Око соколово” кој започа со работа. И веднаш се покажа како многу ефикасен и наскоро ќе се проширува, ќе го има на повеќе места и ќе внимава на повеќе типови на прекршоци.

Истиот се состои во камери кои се поставени на вкупно 242 улици, а кои ќе го контролираат секое движење на учесниците во сообраќајот. Исто така комуналната полиција располага и со специјални возила на кои се поставени камери, а кои ќе се користат за обиколка на градот.

Во првиот период овој систем ќе го користи комуналната полиција и паркинг сервисот на Белград кои ќе ги контролираат прописно и непрописно паркираните возила. Секое возило кое ги прекршува правилата ќе биде казнето.

Во втората фаза се предвидува проширување на корисниците на овој систем па ќе се казува за пречекорена брзина, поминување на црвено, непрописно вртење и претекнување, но и казнување на пешаците за фрлање на отпадоци.

 

[totalpoll id=”43475″]

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK