Саемот во Женева би можел да се одржи следната година, но…

ОБЈАВЕНО НА:

Овогодинешното издание на саемот за автомобилизам во Женева беше одложено поради пандемијата на коронавирусот и покрај напорот на организаторот да го одржи со големи мерки на претпазливост.

Сега повторно е актуелен овој саем по објавувањето на шпекулациите за можното организирање следната година. Традиционално овој саем се одржува секоја година во март.

Според неофицијални информации, овој саем би можел да се одржи следната година, но истиот ќе биде достапен само за медиумите. Овие информации се појавуваат само два месеци откако претходно организаторот соопшти дека овој саем нема да се одржи следната година, а би можел да се врати во 2022 година.

Според сегашните информации, покрај медиумите, посетителите ќе имаат можност преку виртуелни тури да го посетат овој саем за што би се наплаќало некоја симболична сума.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK