Skoda е официјалниот овогодишен партнер на најпопуларната велосипедска трка во светот – Tour de France.
Покрај тоа што на располагање ќе стави над 200 возила од повеќе модели, чешкиот производител, поточно нивниот центар за дизајн го дизајнираше и трофејот наменет за победникот.
“Традиционална боемска уметност изработена од кристали” изјави Петер Олах од центарот за дизајн на Skoda. Тој ги објави и другите карактеристики на трофејот наведувајќи дека е со висина од 60 сантиметри и тежина од четири килограми.
Победникот овој трофеј ќе го подигне на 20 септември кога се вози последната, 21 етапа од овогодинешното издание.