Организаторите на изборот за „Автомобил на годината 2021“ на Европа го објавија првичниот список на кандидати кои ќе бидат во конкуренција. Списокот ќе биде дополнет со нови модели кои до крајот на годината ќе пристигнат на пазарот во Европа.
Во моментов, списокот вклучува 38 модели, а официјалниот ќе биде објавен на 16 ноември оваа година. На тој список ќе бидат вклучени и новите автомобили кои наскоро ќе бидат лансирани на пазарот до крајот на 2020 година во најмалку пет европски земји.
Следниот чекор во изборот на жирито на натпреварот „Автомобил на годината 2021“ во Европа ќе биде направен на 7 декември, кога ќе бидат овјавени и финалистите.
Победник ќе биде објавен на 1 март 2021 година.
Актуелен победник е моделот Peugeot 208.
На првичната листа на кандидати за наградата „Автомобил на годината во Европа за 2021“ се:
- Aston Martin DBX
- Audi A3
- Bentley Flying Spur
- BMW 2 Grand Coupé
- BMW 4-series
- Citroën C4
- Cupra Formentor
- Dacia Sandero
- DS 9
- Ferrari Roma
- Ferrari SF90
- Fiat New 500
- Ford Explorer
- Ford Kuga
- Honda e
- Honda Jazz
- Hyundai i10
- Hyundai i20
- Hyundai Tucson
- Kia Sorento
- Land Rover Defender
- Lynk&Co 01
- Mazda MX-30
- Mercedes-Benz GLA
- Mercedes-Benz GLB
- Mercedes-Benz GLS
- Mercedes-Benz S-Class
- Opel Mokka
- Peugeot 2008
- Polestar 2
- Rolls-Royce Ghost
- Seat Leon
- Skoda Octavia
- Toyota Mirai
- Toyota Yaris
- Volkswagen Caddy
- Volkswagen Golf
- Volkswagen ID.3