Незвисната организација Euro NCAP, која спроведува краш тестови на нови автомобили за европскиот пазар и работи на вкупното зголемување на сообраќајната безбедност ја претстави специјалната апликација за мобилни телефони и таблети.
Истата има за цел да им ја поедностави информацијата за спасувачките екипи кога тие ќе пристигнат на местото на инцидентот и треба да стигнат до настраданите и да ги извадат од деформираното купе на возилото.
Апликацијата Euro RESCUE, пкоја е немeнета за мобилни телефони со оперативен систем Аndroid и iOS, нуди стандардизирана детална информација за внатрешноста на автомобилот, точна графика на секоја позиција на опасни елементи и компоненти, како и воздушни перничиња, безбедносни ремени, акумулатори, високоволтни кабли и друго, чие нарушување може да доведе до дополнителни компликации за време на спасувачката акција.
Euro RESCUE на Euro NCAP стартува со интеффејс на четири јазици и тоа: англиски, француски, германски и шпански, а од 2023 година ќе ги покрива сите европски.