Царинската управа на Република Македонија ги објави официјалните статистички бројки за увозот на возила во јули годинава.
Истите покажуваат значително опоравување на пазарот на нови и половни возила по првичниот корона шок во април годинава кога беа увезени само 922 нови и половни возила.
Ткаа годинава се увезени 3.251 возило што е најмногу во споредба со било кој месец оваа година. Новите патнички автомобили во оваа вкупна бројка учествуваат со 508 возила што е втора најголема бројка годинава по февруари, но и повеќе од дури пет месеци од минатата година.
Остварен е и рекорден увоз на половни автомобили кога е во прашање 2020 година. Во јули се увезени вкупо 2.397 половни автомобили со што е надминат рекордот од февруари кога беа увезени 1.950.
Во бројката на увезени 3.251 возила учествуваат уште и товарните моторни возила со 322 и 24 нови и половни автобуси и минибуси.