Новиот Fiat 500 е првиот автомобил кој помина по новиот мост во Џенова. Најпродаваниот модел на Fiat во последната деценија возеше по овој мост заедно со италијанското знаме и знаме со црвен крст, препознатлив и заштитник на градот Џенова и регионот Лигурија.
За потсетување, а 14 август 2018 година мостот Понте Моранди кој е дел од А10 автопатот се сруши при што загинаа 43 лица.
Набрзо овој мост беше срушен и веднаш стартуваше итната изградба. Така новиот мост кој е именуван како Сан Џорџо е дело на архитектот Ренцо Пиано. Истиот е со должина од 1.067 метри и претставува своевидно архитектонско ремек-дело.