Продажнните бројки за првата половина од годината во Европа се веќе сумирани, а со самото тоа познато е кои електрични возила се најпрдоавани.
На првата позиција како најпродавано електрично возило на “Стариот континент” се наоѓа Renault Zoe со продадени 36.506 примероци.
На втората позиција со продажба од 33.164 примероци се наоѓа Tesla Model 3 додека најпродаваната тројка ја заокружува VW e-Golf со речиси двојно помала продажба односно продадени 17.639 примероци. Најдобрата петорка ја заокружуваат Mitsubishi Outlander PHEV со продадени 14.009 примероци како и Audi e-Tron со продадени 13.538 примероци.
На листата најпродавани 10 електрични возила во Европа за првата половина од годината место има уште за Peugeot 208 EV со продадени 13.266 примероци, Nissan Leaf со продадени 12.925 примероци, Hyundai Kona EV со продадени 11.527 примероци како и Volvo XC60 PHEV и VW Passat GTE со продадени 8.801 односно 8.743 примероци.