Јапонскиот производител Subaru ги разочара вљубениците во овој бренд како и спортските автомобили со тоа што потврди дека повеќе нема да прима нарачки за моделот BRZ, а со тоа се прекинува и производството.
Овој модел Subaru го произведува веќе осум години, па оттаму сметаат дека животниот век на овој спортски автомобил е завршен.
Оттаму наведуваат дека во моментов достапни се само ограничен број на примероци кои се наоѓаат на залиха, а потоа нема да бидат произведувани и дистрибуирани дополнителни примероци.
Инаку овој модел во целост се темели на моделот 86 развиен од Toyota. Називот BRZ произлегува од акронимите Boxer engine, Rear-wheel и Zenith. При тоа овој модел голема популарност има(ше) на пазарите во Јапонија, Австралија и Северна Америка.