Квалитет на воздухот во автомобилот: Технологијата на филтрите со нановлакна доаѓаат есенва

ОБЈАВЕНО НА:

Квалитетот на воздухот игра важна улога за комоција во удобноста на ентериерот на автомобилот. Меѓу другите фактори од основното значење неопходна е филтрација на механички и делумно микробиолошки честички.

Уште од почетокот на 90-тите години на минатиот век BMW Group користи сложени филтрирачки системи. Од 1990 година масовно се инсталираат филтери за фини честички. Тие претставуваат комбинација меѓу филтер со активен јаглен и фиктер за тврди честички. Од 2015 година филтрите за фини честички се користат во Кина, а од јули 2020 година во Јужна Кореја. Денес, клиентите на светско ниво можат да изберат филтер за фини честички и чад од воздух се филтрираат и определени микробиолошки честички.

Следниот ваков чекор на иновациските филтри се технолошките нановлакна. Оваа технологија, која интенцизно се развива од BMW Group во последните години, покрај задржување на ултрафините честички прав дозволува и одделување и на определени микробиолошки честички и алергени.

Покрај тоа во зависност од опремување и независно од технологијата на филтрите, автомобилите на BMW се опремуваат и со детектори на квалитет на надворешен воздух, кој според неговиот квалитет автоматски се префрлаат на таканаречениот режим на кружење.

Со него воздухот се прочистува многу брзо со тоа што постојано се пренесува воздухот во автомобилот низ филтрите. Со технолгијата на филтрирање на нановлагната во режим на кружење воздухот во ентериерот може да биде пречистен од сите честички за помалку од 2 минути и тоа на многу повисоко од вообичаеното ниво.

Режимот на рециркулација може да биде активиран и деактивиран рачно од возачот и тоа не само од автомобилот: корисниците на BMW Connected App на пример имаат можност какодел од подготовката на автомобилот за претстојното патување да ја изберат опцијата „Пречистување/вентилација на внатрешноста на автомобилот“. Со помошта на функцијата Стационарна вентилација воздухот во ентериерот на автомобилот се пречистува ефективно и брзо.

Уште од оваа есен, технологијата за филтрирање нанофибер ќе се користи како стандард за првпат во Rolls-Royce. Како следен чекор во почетокот на 2021 година оваа технологија ќе влезе во моделното семејство BMW Series 7, како и кај моделите X5, X6 и X7. Паралелно, оваа технологија ќе биде достапна како опција за дополнителна монтажа и за многу други клиенти. На овој начин во блиска иднина BMW Group ќе предлага можност за значително поефикасно да ги филтрира штетните честички на воздухот во вашиот автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK