Трансформација за иднината – VW во Цвикау ќе произведува само EV

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen се подготвува за иднината. Намерите во реализацијата на планот за доминација во сегментот на електрични возила е и тоа како голема.

Со цел исполнување на зацртаните цели, во својата фабрика во германскиот град Цвикау, Volkswagen го прекина производството на возила со мотори со внатрешно согорување и целосно се насочи кон производство на електрични возила.

Во моментов во оваа фабрика во која германскиот производител инвестираше 1,2 милијарди евра, за нејзино прилагодување и модернизација, се произведува само електричниот ID.3 на VW. Наскоро започнува и производството на VW ID.4 како и Seat el-Born. Веќе за следната година планирано е годишно производство од 330 илјади електрични возила.

Според планот, сите фабрики на Volkswagen Групацијата во Германија во наредните две до три години ќе доживеат трансформација со што ќе станат центарот на производството на електричните возила од брендовите на Volkswagen Групацијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK