Се oчекува пад од 25% кај новите возила во Европа за годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Асоцијацијата на автомобилски производители во Европа (ACEA) објави дека во услови на огромна економска криза, предизвиката од пандемијата COVID-19, организацијата очекува пад од 25% во регистрациите на нови патнички автомобили за календарската 2020 година.

Од АСЕА велат дека тоа е очекуван пад кој ќе се изрази со повеќе од 3.000.000 помалку нови регистрации во Европа за оваа година, додека очекуваното намалување е од 12,8 милиони во 2019 година до околу 9,6 милиони единици во 2020 година.

„АСЕА продолжува да се надева дека ова драматично сценарио може да биде избегнато при брзи и решителни мерки од страна на Европската унија и локалните власти. Наспроти позадината на невиден колапс на продажбата во моментот, остапките за закупување и програмите за купување и замена на стари автомобили се исклучително неопходни низ целата унија за да се создаде толку неопходната побарувачка за нови автомобили“, вели Ерик-Марк Хутема, извршен директор на здружението.

Податоците на АСЕА посочуваат дека регистрациите на нови лесни автомобили во мај се намалени за 52,3% до ниво од 581.161 примеро. Резултатот за првите пет месеци за 2020 година е на ниво од 3.331.715 нови регистрации што е за 41,5% помалку во споредба со истиот период минатата година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK