Кoлку мoжe дa „дигне“ трицилиндрична Соrsа од 1993 гoдина? (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Хероите од видеоклиповите со кои ентузијасти ги документираат своите авантури на неограничените делови од германските автопатишта, се современи супер автомобили или моќни ветерани кои уште се во топ форма.

Од германскиот Youtube канал СаrRаngеr одлучиле да го проверат жанрот со брзински тест на основната Оpеl Соrsа B oд 1993 година.

Скромното возило со три врати има 1.0-литарски трицилиндричен мотор со моќност од 40 кВт/ 54 коњски сили и максимален вртежен момент од 82Нм. Целта на испитувањето е да се провери дали се уште може да ја развие максималната брзина според каталогот, кога автомобилот бил нов.

 

За волја на вистината ова не е најанемичната модификација на втората генерација на Соrsа – верзијата со 1.2-литарски мотор со едвај 45 коњски сили и крена 145км/ч. Нa хартија трицилиндричната модицикација на возилото развива за 5 км/ч повеќе и како што докажува видеото.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK