Во судот во Минхен пристигна тужба против Tesla од страна на германската агенција за заштита на пазарот. Причината за оваа тужба е автопилотот односно самиот термин кој го користи американскиот производител.
Спорен самиот термин и неговиот опис. Додека германскиот потрошувач очекува самостојно одржување на возилото на сообраќајната трака, адаптивeн темпомат и брзина, Tesla има сосема друга дефиниција за автопилотот.
Од Tesla ја оспоруваат тужбата наведувајќи дека користењето на терминот автопилот на нивните модели од самите возачи бара активно следење на состојбата па отттука следи и тоа дека се невозможни автономни операции на возилото.
Германија не е првата земја во која се оспорува автопилотот на Tesla.