Nissan со супер спортски модел – како моделот 370Z ќе стане 400Z

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на оваа година Nissan објави дека ќе го “пензионира” моделот 370Z, а на негово место во 2022 година ќе биде воведен моделот 400Z.

Специјализираниот интернет сајт за автомобилизам motor1.com веќе објави рендер од можниот изглед на овој модел кои со нетрпение го очекуваат фанатиците на Z серијата на Nissan.

Се очекува дизајнот да е инспириран од претходние генерации во комбинација со ретро елементи и современа технологија. Најавена е радикализација на дизајнот во внатрешноста, додека под хаубата се крие вистинско адреналинско богатство. Тука ќе биде 3,0 литарскиот V6 twin-turbo мотор со околу 400 КС.

Премиерата на овој модел треба се случи во наредните 18 месеци и истата е дел од најавената експанзија на јапонскиот производител кој во наредниот период ќе претстави 12 новитети.

Цената на основната верзија на овој модел би се започнувала од 40 илјади долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK