Kако Nissan ја тестира издржливоста на бојата на автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Бојата на автомобилот е најважниот елемент во екстериерниот дизајн на автомобилот. Привлечноста, а особено издржливоста треба да биде на највисокот ниво, особено поради тоа што е изложена на најразлично надворешно влијание.

Покрај долгиот процес за доаѓање до бојата, компаниите посветуваат значајно време и на тестирање на истата. Токму за овој процес Nissan објави едноминутно видео во кое го открива процесот на тsестирање на издржливоста на бојата.

Од видеото прикажано во продолжение може да се види дека јапонскиот производител користи минијатурни автомобили, реплики на оргиналот. Во конкретниот пример Nissan го користи моделот 370Z кој е поставен во затворен простор. Надворешното влијание е прикажано од ротирачките метлици како и водата. Дополнително се поставува и песок врз автомобилот, а овој затворен простор се затоплува со цел да се симулира влијанието на сонцето во летниот период.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK