Одложена испораката на Ford E-Mach за Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Испораката на првиот целосно електричен SUV на Ford, моделот Mach-E се одложува за следната година за најголем дел од европските земји.

Оваа вест ја потврдија членовите на Mach-E клубовите во Велика Британија, Франција и Холандија. Најголем дел од овие членови имаат веќе уплатено депозит за Mach-E, а сега тие потврдуваат дека добиле електронска порака во која се наведува дека испораката ќе биде одложена.

Причината за ова лежи во импликациите што ги предизвика коронавирусот врз автомобилската индустрија односно работењето на Ford. Така американскиот производител поради намалениот капацитет на производство нема да го реализира предвидениот производствен план па оттука во втор план ги стави европските купувачи.

Токму оваа причина е наведена во официјалната електронска порака која идните сопственици ја добија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK