Поранешниот Формула 1 возач Ралф Шумахер кој е брат на Михаел Шумахер веќе долги години не едел од овој шампионат. Наместо тоа тој сега управува со семејната винарија именувана како Schumacher.
Како дел од најновата маркетинг кампања за промоција на неговите вина, тој набави атрактивно кросовер возило за да ја влече брендираната приколица.
Тоа не е Mercedes, а ниту Porsche, Volkswagen, Audi или BMW. Станува збор за руска Lada Niva која ќе вози низ улиците на Германија.
Станува збор за атрактивна верзија од Lada Niva опремена со 1,7 литарски бензински мотор. Навистина е пријатно изненадување изборот на Шумахер, ако се знае дека за него не се проблем парите, а германците имаат толку многу SUV модели кои се вистинска гордост.