Минатата недела во Велика Британија сопственик на Mеrсеdеs А45 АMG беше запрен поради возење со преголема брзина. Локалната полиција вели дека возачот на овој автомобил возел така, како истиот да бил украден.
Возачот е запрен во петок навечер од патрола, но поинтересно е дека тој го купил автомобилот само еден час порано, но за жал уште го немал осигурано.
Од полицијата велат: „Возачот го купил автомобилот само еден час пред да биде запрен. За жал уште го немал осигурано“. Како резултат на тоа органите на редот го конфискуваат автомобилот Mеrсеdеs. Полицијата на Обединетото кралство има дозвола да одзема автомобили од возачи кои немаат право на истите или немаат сообраќајна.
Овие машини обично се запленуваат или се продаваат (ако возачот не ги достави потребните документи во прдвидениот рок. Автомобилот кој е во прашање А45 АMG располага со дволитарски турбокомпресор и четирицилиндричен мотор со моќност од 376 коњски сили со седумстепена автоматска трансмисија со две спојки, погон на четири тркала и со спортска каросерија.