Студија: Возачите на СУВ автомобили сакаат акциски филмови

ОБЈАВЕНО НА:

Возачите на СУВ автомобили немаат воопшто добра репутација во Германија. Тоа може да има нешто заедничко и со телевизиските навики. Додека сопствениците на мали автомобили се повеќе склони да гледаат комедии, СУВ возачите сакаат акција и авантура. Тоа не се единствените совпаѓања меѓу автомобилот и омилениот жанр, што сега е дел од студијата на YouGov.

Решението за купување на одреден модел на автомобил и брендот исто така има нешто заедничко и со филмското и телевизиското претпочитње на возачите. Секој трет возач на мали автомобили (35 проенти) сака да го гледа „The Big Bang Theory“, неверојатен број на возачи на СУВ (31 процент) признаваат  дека „Кобра 11 јави се“ е најчесто гледаното телевизиско шоу. Како целост пола од анкетираните сопственици на СУВ (43 проценти) веладт дека сакаат да гледаат акциски филмови.

Сепак најпопуларната серија ка возалите на автомобили од сите брендови е „The Big Bang Theory“ (31 процент). Серијата има најмногу фанови меѓу сопствениците на брендот Ford. Еден од тројца (37 проценти) во студијата открива дека е гледач на серијата. Возачите на Аudi, пак, се на второто место со 35 проценти меѓу оние кои ја сакаат серија „Игра на тронови“.

Кога станува збор за жанрови на филмови и серии, германските возачи претпочитаат да се забавуваат – 47 проценти претпочитаат комедии. Следуват акциите (36 проенти) и авантурите (31 процент). Само 15 проценти од возачите од сите класи ги сметаат филмовите и сериите од жанрот „хорор“ за свои омилени. Ништо чудно бидејќи брзиот сообраќај на моменти е веќе доста страшен.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK