Renault кажа крај за Scenic, Talisman и Espace

ОБЈАВЕНО НА:

Дури три модели од актуеланта понуда на Renault ќе бидат повлечени. Станува збор за Scenic, Talisman и Espace кој во наредните година-две ќе бидат повлечени од сите пазари. Оваа информација ја потврдија од таборот на францускиот производител, а причината за оваа не толку популарна одлука е малата побарувачка за моноволуменците и значителниот пад на продажбата на лимузините.

Моделот Scenic во понудата е уште од 1996 година и досега се лансирани вкупно четири генерации. Актуелната датира од 2016 година и се очекува овој модел да се пензионира следната година.

Што се однесува до Talisman тој во понудата е воведен уште во 2015 година, но во поглед на продажбата не ги исполни целите на францускиот производител. Актуелната прва и единствена генерација би можело да добие рестајлинг следната година, а прекинот на производството би требало да се очекува во текот на 2022 година.

Моделот Espace е најстар во понудата на Renault во однос на останатите два модели. За прв пат е воведен во 1984 година, а во моментов се продава петтата генерација. Овој модел од Велика Британија беше повлечен уште во 2012 година, а продажбата во последните две-три години е минимална.

Пред само некоја недела се појави информација дека и моделот Megane би можел да се пензионира, а на негово место да биде лансиран целосно нов електричен модел.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK