Datsun нема да ја издржи кризата – се поизвесно е згаснувањето

ОБЈАВЕНО НА:

Брендот Datsun е се поизвесно дека ќе згасне како последица на економските последици предизвикани од коронавирусот. Повеќето јапонски медиуми повикувајќи се на интерни извори наведуваат дека Nissan, во чија сопственост е овој бренд, се обидува да заштеди три милијарди долари, а како колатерална штета би можело да биде токму овој бренд.

Инаку ова не би било прв пат овој бренд да биде укинат. Тоа се случило и во 1986 година па се до 2012 година не беше воопшто застапен. Потоа на 20 март 2012 година беше најавено враќањето на овој бренд како ниско-буџетен наменет првенствено за пазарите во Индонезија, Непал, Јужна Африка, Индија и Русија.

Сепак не одеше се по планот. Продажбата на сите овие пазари е незначителна па и покрај влезот во Казахстан, Белорусија, Либан и други земји од блискиот исток, Datsun не успеа да ги оствари примарните цели. Токму и поради тоа раководството на Nissan планира ваква непопуларна одлука.

Конечната одлука за иднината на овој бренд ќе биде донесена во текот на летото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK