Ибрахимовиќ конечно го повозе своето Ferrari – нерегистрирано (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Најдобриот фудбалер во историјата на Шведска, Златан Ибрахимовиќ минатата година беше центар на автомобилската јавност откако купи Ferrari Mоnza SP2.

Речиси година дена тој себично уживаше во перформансите на овој автомобил, а сега, за време на пандемијата од коронавирусот тој се реши да го “издува” низ улиците на Малме. Со самото тоа јавноста имаше ретка можност да го види и слушне овој автомобил.

Перформансите на овој автомобил се повеќе од импресивни. , литарски V12 мотор, 810 КС и забрзување до 100-ка за само три секунди.

Она што сепак го стави поранешниот фудбалер на Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и сега Милан, во фокусот беше фактот што овој автомобил не е регистриран. “Тој автомобил не е регистриран од 30 март” соопштија од Шведската агенција за сообраќај.

Медиумите во оваа скандинавска земја се едногласни – Ибра веќе го чека “честитка” од неколку стотици евра за управување со нерегистриран автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK