Половина од новите возила во Европа се на бензин, дизелот паѓа – скокаат електричните

ОБЈАВЕНО НА:

Во првиот квартал од 2020 година возилата што се движат на струја доживееа скок во продажбата во својот сегмент во Европа и тие се 6,8 отсто од вкупната продажта (спредено со 2,5 отсто лани). Во исто време е забележано намалување на вкупната продажба поради пандемијата со коронавирусот. Опаѓа побарувачката за возила со погон на бензин и дизел, но бензинците се уште доминираат и тоа во повеќе од половина земји во ЕУ.

Продажбата на возила со дизелски автомобили е намалено за 32,6 отсто – на 738.392 возила. Сега дизелот зафаќа 29,9 отсто од вкупната продажба (за разлика од 33,2 отсто лани во истиот период). На сите пазари има пад, а најголем е во: Италија (-49,8 отсто), Франција (-36,6), Шпанија (33,8) и Германија (-23 отсто).

Поради пандемијата во овој период беа затворени дилерските салони што се одрази на вкупната продажба на бензици, па од ланските речиси 2 милиони возила сега таа бројка падна на 1,3 милиони во првиот квартал од 2020 година. Со исклучок на Кипар и Литванија, во сите земји од ЕУ има двоцифрен пад во продажбата.

Електричните возила многу профитираа во овој период и забележаа пораст од 100,7 отсо во првите три месеци. Биле регистрирани 167.132 возила. И чисто електричните возила и плаг-ин хибридите имаат силен раст од +68,4 отсто, односно 161,7 отсо.
Хибридните електрични возила остануваат најдобро продавани во алтернативниот сегмент и тие претставуваат 9,4 отсто од вкупниот пазар во Еу. Вкупно 232.525 возила бил ерегистрирани во првиот квартал на годината (што е пораст од 45,1 отсо во днос на 2019).

Алтернативните горива, акако етанол (Е85), течен гас и природен гас имаат различни перформанси. Има силен пораст во побарувачката на НГВ (natural gas) додека LPG регистрациите имаат пад поради пазарот во Италија кој е најголем.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK