Турција со обвинение на лицата кои му помогнаа на Гон да избега од Јапонија

ОБЈАВЕНО НА:

Сагата околу Карлос Гон никако да заврши. Последно продолжение дадоа обвинителите во Турција кои донесоа обвинителен акт за помагачите на неговото бегство.

Според пишувањата на турските медиуми, обвинителството во Истанбул донесе акт против четири лица и компанијата MNG Jet. Истите се сомничат за помагање при бегство за што наскоро ќе започне и судската постапка.

Турскиот адвокат Мехмет Фатих Данаци за Ројтерс наведува дека за овој вид на прекршок во турскиот законик предвидено е казна задвор и до осум години.

За потсетување, минатата година поранешниот прв човек на Renault-Nissan Алијансата избега од куќен притвор во Токио и со авион се упати во Либан од каде и потекнува и каде во моментов престојува.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK