Зошто полицијата во Финска ги тргна фабричките амблеми од своите возила?

ОБЈАВЕНО НА:

Финската полиција во изминатиот период ги тргна фабричките амблеми на своите возила и истите ги замени со свои. Оваа активност предизвика меѓународен интерес, особено околу причините за овој потег.

Оваа измена најпрво ја започна на вкупно 500 VAN возила, а во наредниот период ќе продолжи и на останатите 1.100 автомобили.

Постојат две причини за оваа промена. Првата е поради монтажа на звучен уред лоциран веднаш зад маската на ладилникот, а втората е од комерцијален аспект – “не сакаме бесплатно да ги рекламирање Volkswagen и Mercedes”.

Токму оваа втора причина е се повеќе застапена. На прес-конференциите на на полицијата шишињата со вода се без етикети, а телевизиските екрани во позадина немаат знак.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK