Audi Q7, Q8 и VW Touareg поради ист проблем мораат на сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Со дополнителна сервисна акција ќе бидат опфатени два модели на Audi и еден на Volkswagen, a заедничко им е што имаат ист проблем. Европската комисија веќе издаде предупредување за можните проблеми и сериозноста.

Моделот Audi Q7 опфатен со сервисната акција е за дел од возилата произведени во периодот од јануари 2015 до февриари 2019 година. Исто така на сервис ќе бидат повикани и некои возила на Q8 произведени до 19 февруари 2019 година.

Ако пак имате Volkswagen Touareg произведен од 21 декмеври 2016 до 19 февруари 2019 година, тогаш треба да проверите дали и вие сте во групата на возила што го имаат истиот проблем.

Во објаснувањето за проблемот се наведува дека „Врската на завртката помеѓу вратилото на управувачот и кутијата на управувачот може да не е доволно затегната и може да се олабави со текот на времето. Ова ќе ја наруши управливоста на возилото, зголемувајќи го ризикот од несреќа“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK