Австриската престолнина Виена наскоро треба да ја добие првата автобуска линија на која ќе има автобус, но без возач, а ова е проект финансиран од австриското министерство за сообраќај. Така јавниот превоз би бил збогатен и со автономен автобус, покрај трамваите, метрото и автобусите.
Целта на проектот е новоизградената населба Асперн да биде поврзана со автобуска линија каде нема да има возач, и што би можело да функционира со реланиуслови – со постојани автобуски станици, ред на возење и вистински патници.
Тестирањето со автономниот мини-бус Navya Arma со електричен погон веќе е почнато, а голем број на партнери на проектот укажуваат на неговата комплексност, но желба истиот да успее.