ЗНАЕТЕ ЛИ: Кој е најпродаваниот модел на Citroen?

ОБЈАВЕНО НА:

Кој е најпродаваниот модел на автомобили на Citroen? Можете да погодувате, C1, C2, C3, C4 Cactus, но воопшто не сте близу.

Според официјалните податоци, најпродаван модел е моделот 2CV или попознат како Спачек. Овој модел во периодот од 1948 до 1990 година е произведен и продаден во точно 3.872.583 примероци.

Лефебре, Бертони, Бекиа и Шинон се дизајнерите кои оставија свој белег во некоја од генерациите на овој модел. При тоа ова е еден од моделите кои најмногу и најдолго се произведувал надвор од Франција. Така покрај во Франција овој модел се произведувал и во две фабрики во Белгија и Аргентина, но и во Велика Британија, Уругвај, Чиле, Португалија, Шпанија како и во Југославија.

Овој модел подоцна е инспирација за Dyane и Acadiane, но ниту еден не го повторува успехот на 2CV.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK