McLaren Elva во само 249 примероци

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител McLaren потврди дека ќе произведи само 249 примероци од моделот Elva што е за 150 помалку од претходно планираните 399 примероци.

Претходно се појавија тврдења дека овој автомобил не е доволно ексклузивен, па со овој потег, McLaren сака да го направи овој автомобил уште поексклузивен.

Овој супeр автомобил располaга со 4.0 литарски V8 битурбо мотор кој продуцира максимални 804 КС. Брзината од 100 км/ч се достигнува за само три секунди, а до 200 автомобилот забрзува за 6,7 секунди.

Што се однесува до цената, истата изнесува 1.425.000 фунти, односно 1.690.000 американски долари во САД. Испораката на првите примероци се очекуваат кон крајот на оваа година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK