Сведоци сме како цената на горивата постојано е во пад. Нивната цена зависи од тргувањето на светските берзи, меѓутоа нивната понуда во најголема мера е под влијание на OPEC. OPEC (Organization of the Petroleum Exporting Countries) е меѓународна организација на земји-извознички на нафта основана во 60-те години.
Оваа Организација прерасна во “озогласена” откако отворено ја контролира понудата на нафтени деривати, а со тоа и креира цената на светските берзи со што претставува вистински картел.
Ирак и Кувајт се основачи на оваа организација, а за кратко се приклучуваат и Алжир, Иран, Либија, Нигерија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Венецуела. Денес, со исклучок на Венецуела сите овие земји вклучително и Ангола, Екваторијална Гвинеја, Габон и Конго се полноправни земји-членки.
Во 2016 година е формирана групата OPEC+ во која учествуваат Русија, Азербејџан, Бахреин, Брунеи, Казахстан, Малезија, Мексико, Оман, Јужен Судан и Судан. Секако, целта на постоењето е иста како и OPEC.
И покрај децениските критики кон OPEC, сепак производството и цената на горивата е во “рацете” на само неколку држави.
Најголеми производители на нафта (во милиони барели)
Судиска Арабија – 10,37
Русија – 9,27
САД – 8,69
Иран – 4,09
Мексико – 3,83
Подрачја со најголеми количини на нафта (во проценти)
Саудиска Арабија – 25
Ирак – 11
Обединети Арапски Емирати – 9
Кувајт – 9
Средна и Јужна Америка – 9
Иран – 9
Африка 7
Северна Америка – 6
Земји на бивши СССР – 6
Кои се најголемите земји производители во последните 120 години и како се движело сето тоа. До кога САД бил најголем производител, кога се појавуваат земјите од блискиот исток и персискиот залив и кога С.Арабија влегува во Топ-3 земјите.