На територијата на Република Македонија има вкупно 1.622 мостови со вкупна должина од 44.021 метри, покажуваат последните статистики. Од нив 482 мостови се дел од магистралните патишта, 629 се дел од регионалните патишта додека 511 се дел од локалните патишта.
Во однос на мостовите кои се дел од локалните патишта, најголем дел од нив се наоѓаат на територијата на градот Скопје и тоа 43, а истот толку има и во Илинден. Вкупно 22 мостови како дел од локалната патна мрежа се наоѓаат во Битола, 18 во општина Могила, а по 16 во општина Гостивар и Брвеница.
Најголема вкупна должина изразена во метри се мостовите кои се дел од магистралните патишта. Нивната вкупна должина изнесува 22.011 метри.
Засега нема податоци за просечанта старост на мостовите.