Во Европа затворија, ама: BMW го продолжи производството во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот прозиводител BMW додека ги затвора фабриките во Германија потврди дека го рестартира производството во Кина.

Поради епидемијата која на почетокот на годината го нападна Вухан, германскиот производител беше принуден да го прекине производството во Кина. Сега сите 20 илјади работници во фабриката која е заедничка инвестиција на BMW и Brilliance се враќаат на своите редовни активности.

За да може да го продолжи производството компанијата мораше да обезбеди 120 илјади заштитни маски како и друга дополнителна заштитна опрема наменета за работниците.

За потсетување, кон крајот на минатата година во оваа фабрика беше инвестирано нешто над една милијарда евра, а со надминувањето на оваа здравствена криза од BMW се уверени дека ќе успеат да го достигнат посакуваниот ефект во однос на ефикасноста и другите производствени параметри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK