Екипата на Lаnd Rоvеr се најде во вистинско време на вистинско место бидејќи додека бараше терен за правење на рекламните фотографии на новиот Dеfеndеr наидоа на заглавена Scania среда пустина во Намибија. Возачот на камионот се заглави во место од кое никако не успеал да се извлече и останал среде пустина без храна и вода три дена.
Возачот на камионот бил прерадосен од појавата на два чисто нови возила Defender 110 од модификациите D240 SЕ и P400 S.
Со оглед на тоа што биле опремени со опрема за извлекување брзо успеале да го извлечат камионот. Сега е прашање дали оваа случка е автентична или Британците ја имале планирано. Сето тоа може само да се нагаѓа.
Според официјалните податоци на Lаnd Rоvеr новиот Dеfеndеr може да превезува приколка со тежина од 3,5 тони. Камионот Scania и неговата приколка тежат дури 20 тони, што значи дека проценките на производителот се многу ниски.