Предлог додека е вонредна состојба: Ќе можете да возите со истечена возачка дозвола!

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку во моментов ви е истечена возачката дозвола или имате истечена лична карта ќе може да управувате автомобил или возило од категоријата на која припаѓаат. Ова треба да биде предлог на Минсистерството за внатрешни работи следните денови што ќе биде доставен до Владата. Дополнителната заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска го потврди ова за ТВ Телма при гостување во контактната емисија „Црвена линија“

Со цел да се избегне создавање метеж во управните служби при поднесување на документи и нивно подигање ќе се донесе предлог за ваква одлука. Предлогот би бил ДОДЕКА ТРАЕ ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ДА БИДЕ ПРОДОЛЖЕН РОКОТ НА ВАЖНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ – ЛИЧНИ КАРТИ И ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ.

Ако се усвои предлогот тогаш полицијата нема да казнува доколку бидете легитимирани, и личните документи ќе важат и при секоја друга прилика ако ви биде побаран документ за лична идентификација. Истото се однесува и за возачките дозволи кои во овој период ќе истечат а притоа не се закажани термини за нивно обновување.

Доколку имате закажано термин за лични документи тогаш истиот можете да го искористите и да одите да се сликата. Но, доколку сте во критичната група на луѓе кои треба да бидат во изолација или самоизолација тогаш не е умно да се оди на сликање, бидејќи тогаш ќе ги прекршите законите околу изолацијата.

Ако треба да го регистрирате возилото тоа треба да го сторите во предвидениот рок. Во однос на ова прашање нема размислување да се продолжи рокот на важност на регистрацијата бидејќи тоа е поврзано со проверка на техничката исправност на возилото и со полисата за осигурување. Не е можно во сообраќај да се пуштат возила што се технички неисправни и што не се осигурани.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK