Биодизел-горивото доминира меѓу биогоривата во Европската Унија

ОБЈАВЕНО НА:

Сите дизел-горива продадени на бензинските станици во Европската Унија во 2017 година содржеле биодизел, додека 87,6 проценти од бензинот содржел биоетанол.

На ниво на Европската Унија 71,9 проценти од бензинот продаден во 2017 година биле Е5 – односно содржел до 5 проценти етанол, а Е10 бензинот, односно бензинот со 10 проценти етанол – 15,7 проценти. Е0 биле само 12,2 процента од продадените бензини, односно не содржеле етанол, додека Е+ бензини со повеќе од 10 проценти етанол биле 0,1 процент и тука најголем дел е Е85 бензин со 85 проценти етанол.

Од дизел-горивата продадени во Европската Унија  во 2017 година 83,8 проценти содржеле до 7 проценти чист биодизел, а со поголем процент биодизел-гориво биле 16,2 процента од вкупната количина.

Извештајот на Европската агенција за животна средина за квалитетот и емисијата на стакленички гасови од горивата во транспортот во Европската Унија  за 2017 година, објавен на 31 октомври 2019 година, покажува дека биодизелот во најголем дел се добива од репка – 51,7 проценти, употребено растително масло или животинска маст – 33,7 проценти и од палмино масло – 6,1 процент. Овие три методи на производство на биодизел-гориво во Европската Унија  сочинуваат вкупно 91,5 проценти од вкупно потрошеното биодизел-гориво во Европската Унија  во 2017 година.

Биоетанолот во најголем дел се произведува од пченица – 63 проценти и шеќерна репка – 32,2 процента. Овие два начина на добивање биоетанол сочинуваат 95 проценти од вкупно произведената количина биоетанол во Европската Унија.

 

МАКПЕТРОЛ ИНФО-ПОИНТ

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK