Производителот на техника за градење и стопанство од САД, компанијата Саsе го претстави првиот сериски багер на струја во светот. Товарачот 580 ЕV има батерија со капацитет од 90 кВтч, што е доволно за осум часа работа.
Можностите на електричниот Саsе се истите како на моделите со традиционални мотори со внатрешно согорување. 580 ЕV работи практично без шум и не ја загадува атмосферата и бара многу пониски оперативни трошоци.
Електричниот Саsе, се разбира е доста поскап од дизеловиот агрегат. Од компанијата Саsе тврдат дека ќе се исплати во целост за пет години.
Првите два електрични багери веќе им се доставени на комуналните служби во САД. Годинава ќе бидат изработени уште неколку машини, а масовното производство почнува следната година.