Вработен во европскиот центар за развој на Ford лоциран во близина на Келн (Германија) е позитивен на КОВИД-19 односно коронавирусот, потврди Ford во официјално соопштение.
Според германскиот регионален весник Koelnische Rundschau, управата донела одлука да на принуден одмор плати 30 вработени кои работат во истиот оддел како и заболениот. При тоа нема информација дали сите 4 илјади вработени ќе бидат дополнително прегледувани.
“Сите колеги со кои заболениот имал примарен контакт се идентификувани и побарано е од нив да се самоизолираат и следат медицинските препораки. ”
Претходно Ford донесе одлука за забрана за патување на вработените во овој американски производител до 17 април, а дополнително ги редуцираше бизнис активностите во Кина.