Леонардо ди Каприо во реклама за електричниот Fiat 500 (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот актер Леонардо ди Каприо е централната фигура во првата реклама за електричната изведба на Fiat 500.

Тој во рекламата “All in” е нараторот кој зборува за новата филозофија на новиот 500, потенцирајќи ги и климатските промени.

Со ова, италијанскиот бренд продолжува со маркетинг кампањата во која учествуваат познати лица, особено од филмската индустрија. Претходно, во рекламата за новиот 500x учествуваа и главните актери од филмот “Назад во иднината”, а во рекламите на Fiat се појави и Џенифер Лопез.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK