Кина, жариштето на коронавирусот се соочува со најтешките загуби поради оваа епидемија. Како и останатите индустрии, така и автомобилската е силно погодена од оваа состојба при што се забележани значителни падови.
Официјалните продажни перформанси на кинеската асоцијација на автомобили (CPCA) објави дека во текот на целиот февруари продажбата на нови автомобили забележа пад од 80%.
Пад има кај сите производители. Така Toyota и нејзиниот премиум бренд Lexus остварија продажба од само 23.800 нови автомобили што е пад 70% во однос на февруари минатата година. Значителен пад забележаа и Mercedes, BMW, но и сите останати странски и домашни брендови.
Со овој пад, продолжува агонијата на кинеската автомобилска индустрија која осум месеци е во константен пад.