Наместо на саемски штанд освежената E-Class покажана преку интернет

ОБЈАВЕНО НА:

По откажувањето на саемот за автомобили во Женева како превентивна мерка во спречувањето на ширењето на корона вирусот, со цел претставување на новите модели, челните луѓе на Mercedes-Benz организираа онлајн прес конференција, во посебно уредено студио.

Главен акцент беше ставен на обновената E-Class, која се смета за „срцето на брендот“ од Штудгарт. Овој модел, од 1946-та година, досега е продаден во над 14 милиони примероци и тоа е најдобро продаваниот автомобил во историјата на Mercedes-Benz. Од последниот модел кој премиерно се појави во 2016-та година, досега се продадени над 1,2  милиони автомобили.

Кај новиот модел на E-Class, ќе бидат достапни 7 варијанти на plug-in-hybrid со дизелски и бензински мотори и погон на 4 тркала. Бензинските мотори ќе бидат достапни со моќност од 115 до 270 KW, додека дизелските ќе бидат во опсег на моќност од 118 до 243 KW.

За првпат кај 4-цилиндричниот бензински мотор, на располагање е интегриран стартер-генератор кој ќе продуцира моќност од 15 KW, со што ќе ја подобри влечната сила на возилото, како и неговата ефикасност во однос на емисијата на штетни материи и потрошувачката на гориво.

Направени се извесни корекции и во изгледот, во насока на истакнување на динамичниот изглед, каде уште на почетно ниво, како стандардна опција на опременост, достапен е надворешниот пакет Avangarde.

Изменет е изгледот на предните и задни светла, додека опцијата целосно LED светла стануваат стандардна опција, а како дополнителна може да се добијат MULTIBEAM LED предните светла, вклучително и ULTRA RANGE опцијата за долги светла.

Што се однесува до помошните системи за возење, E-Class ја поседува најновата генерација на сите овие помошни уреди кои го олеснуваат возењето, вклучително и MBUX мултимедијалниот систем со говорна команда. Во внатрешноста како стандардна опција на располагање се 2 големи екрани секој со димензија од 10,25 инчи.

Што се однесува на спортскиот дел на Mercedes-Benz, AMG, достапен е нов модел со ознака Mercedes-AMG E 53 4MATIC+, со изклучителен изглед како во надворешноста, така и во внатрешноста на возилото.

Придвижуван е од 3 литирски мотор со 6 цилиндри со моќност од 435 КС и вртежен момент од 520 Nm и поседува дополнителен електромотор со моќност од 22 КС.

 

Соопштение на Мак Аутостар

Следете не и на:

24AUTO NETWORK