Новата Honda Jazz во продажба – познати цените во Јапонија

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонија е првата земја каде новата генерација на моделот Honda Jazz, познат и под името Fit се појави во продажба. На јапонскиот производител не му требаше многу за отпочнување со производство на овој модел откако во октомври минатата година беше претставена за јавноста.

Во понудата е достапен со основниот 1,3 литарски i-VTEC четири цилиндрен мотор како и хибридната верзија со два мотори. Тука е и помоќниот мотор, 1,5 литарскиот i-VTEC мотор со електрична пропулзија и моќност од 107 КС. Штедливоста на хибридниот модел се гледа во тоа што на 28,8 км троши еден литар односно на 100 км потрошувачката е 3,5 литри.

 

Покрај основниот Jazz Basic, во Јапонија овој модел се нуди во пет различни верзии вклучувајќи ги и Home, Ness, Crosstar и Luxe верзија. Почетната цена за основното ниво на опременост (Basic) и 1,3 литарски мотор изнесува 18,185 американски долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK