Поради можност од пожар Американците издадоа “recall” за Hyundai Elantra

ОБЈАВЕНО НА:

Поради можност од пожар Hyundai ќе мора да ги повлекува продадените автомобили од моделот Elantra Touring како и основната изведба на Elantra. Ќе мораат да одат во сервис да се отстрани проблемот.

Како што пренесува NHTSA (National Highway Traffic Safety Administration), поради неисправност на модулот за ABS, спорните автомобили може да се самозапалат.

Оттука, Hyundai од пазарот во САД е принуден да ги повлече примероците на овој модел произведени и продадени во периодот од 2006 до 2011 година како и од 2007 па се до 2011 година.

Според проценките, со повлекувањето ќе бидат опфатени дури 429.686 примероци од двете изведби на Elantra.
Засега нема таква препорака за моделите што се продаваат во Европа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK