Американскиот автоклуб (ААА) направи големи истражување во Вашингтон (северозапад на САД) за влијанието на легализацијата на марихуаната во сообраќајните несреќи и бројките навистина зборуваат за трендовите кои не смеат да бидат занемарени.
Вашингтон го легализираше користењето на марихуаната во 2012 година, а ААА ја следеше статистиката на сообраќајните несреќи пред и после тоа. Од легализацијата досега јасно се гледа трендот на зголемениот број на возачи кај кои е пронајден ТНС, супстанца на марихуана која има влијание на психата на луѓето.
THC пред 2012 година била пронајдена кај 8,8 отсто од возачите кои биле учесници во сообраќајните несреќи со смртни последици, а од 2012 година кај 18 отсто возачи. ААА заклучува дека со легализацијата на користењето на марихуана дошло и до зголемен број на сообраќајни нереќи со смртно настрадани.